Повеќе од 6.000 МАЛОЛЕТНИЦИ побарале АЗИЛ во Австрија!

Австриските власти се соочуваат со зголемување на бројката на поднесени молби за добивање на азил од малолетници, кои без родителите се упатија на пат кон Европа, известуваат денеска виенските медиуми.
 Најголемиот број, од околу 6.000 деца и малолетници кои дошле во Австрија без родители, побарале азил и се со потекло од Авганистан.
До крајот на октомври надлежните власти добиле 6.175 барања за добивање на азил.
Во однос на минатата година, ова е зголемување од околу 200 проценти, информација која произлегува од статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи на Австрија.
Инаку, до крајот на септември во Австрија се поднесени околу вкупно 56.356 барања за азил, од кои 11 проценти ги поднеле лица кои се на возраст под 18 години, кои без своите родители дошле во Австрија.
Најголемиот дел од овие бегалци е помеѓу 14 и 18 години, а 380 баратели се дури и под 14 години.
Во 2006 година, „само“ 414 малолетници без родители побарале азил во Австрија, додека во 2009 година, таа бројка пораснала на 1,062.
Под вкупниот број на молби за добивање на азил го „водат“ Сиријци, каде меѓу малолетниците, најголемиот број се Авганистанци.
Дури 65 проценти од малолетниците кои се без придружба од родителите, се со потекло од Авганистан, а на друго место се Сиријците.
Австрија моментално се бори со сместување за малолетниците без придружба на родители.
Ниту една од деветте покраини не ги исполнува своите обврски во потполност во врска со сместувањето, така што Виена моментално е со 800 сместувања за малолетните азиланти и е загрижена за зголемениот број на згрижени деца. Најголемиот број, од околу 6.000 деца и малолетници кои дошле во Австрија без родители, побарале азил и се со потекло од Авганистан.
До кра

Пронајдете не на следниве мрежи: