Жената-самоубиец во Париз водела распуштен живот: Објавена е фотографија од тие денови!

Оваа 26-годишна девојка, изгледа поминала долг пат од девојка која сака облека и алкохол до радикална исламистка подготвена да загине во бомбашки напад.Само еден месец пред да се разнесе пред полицијата во Франција, Хасна Аитбулачен (Hasna Aitboulahcen), (26) имала репутација на девојка која сака да се забавува, пренесува „Дејли мејл“.
Девојката е родена во Франција на 12 август 1989 година. Родителите ѝ се Мароканци кои стигнале во Франција во 1973 година. Кога била мала, нејзините родители се развеле и таа со мајка ѝ се преселила во Париз, но извесен период поминала и во старателско семејство. Татко ѝ живее во мало место каде често го посетувала.
Нејзиниот брат вели дека не разговарале пет години и дека односите им се комплицирани. Тој раскажал дека Хасна живеела во старателско семејство и дека имала тешко детство полно со малтретирање. Кога пораснала се заинтересирала за журките. Објавувала селфи фотографии од вечерните излегувања, а дека не била срамежлива докажуваат и фотографиите од бањата.

„Дејли мејл“ објави фотографија на која Хасна лежи во пенлива купка од каде ѝ се гледаат градите.
-Цело време само критикуваше. Одбиваше да прифати било каков совет. Живееше во свој свет. Не беше заинтересирана да ја проучи својата религија. Никогаш не сум ја видел да го отвори Куранот. Постојано беше на телефон, ги прегледуваше „Фејсбук“ и „ Ватсап”, раскажал за „Дејли мејл“ нејзиниот брат.
Последните години воопшто не криела дека станала симпатизерка на Исламска држава, а тоа е јасно од нејзините профили на социјалните мрежи. Свесни за нејзината блискост со Абаод, француските разузнавачи ја ставија под надзор.
Благодарение на информациите добиени со прислушување на нејзиниот телефон разузнавачите знаеле каде се наоѓа терористичката ќелија во квартот Сен Дени, што доведе до голема акција.
По испалувањето на неколку рафални средби, полицијата ја прашала Аитбулачен каде ѝ е пријателот, а таа одговориле дека не ѝ е пријател. Еден од соседите тврди дека дека слушнал русокоса девојка како вика „помогнете ми“, неколку пати.
Останува нејасно зошто зошто 26-годишната девојка го детонирала својот самоубиствен елек, а некои говорат дека можеби снајперите го направиле тоа. Сепак, не случајно се затекнала на тоа место на кое го завршиле својот живот.
На „Фејсбук“ објави статус напишан на сленг, а кој во превод гласи: „Наскоро одам за Сирија, а ако дае Бог, наскоро тргнувам за Турција“.
Француските медиуми пишуваат дека била опседната со ИСИЛ, но дека во Сирија и Ирак никогаш не отиде иако планираше.Само еден месец пред да се разнесе пред полицијата во Франција, Хасна Аитбулачен (Hasna Aitboulahcen), (26) имала репутација на девојка која сака д

Пронајдете не на следниве мрежи: