Во сообраќајка која се случила вчера во Скопје, тешко повреден велосипедист

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 13 сообраќајки кои се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во осум сообраќајки со полесни повреди се здобиле 10 лица, а во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала седум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на црвено светло на крстосница, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, четворица возачи за неносење заштитен шлем, еден возач за некористење сигурносен појас и 10 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување со моторно возило.
Од сообраќај се исклучени 11 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 10 нерегистрирани возила. Санкционирани се осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати се 74 непрописно паркирани возила, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети се 67 возила.
Во текот на денешниот ден Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” во ЈУДГ „25 Мај” објектите „Искра” и „Детелинка” на подрачјето на општина Гази Баба.
Исто така, одделението за превенција денес ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.