Цела јавност знае дека пејачката Лепа Брена со своето семејство живее во луксузниот дом сместен на Бежањска коса во Белград, но јавноста овие денови дозна и за истиот овој дом кој започнал да се празни.
-Сакам да патувам, да се дружам со публиката, а веќе не сум сврзана толку многу за овој простор, но го сакам семејството и да бидеме негде покрај вода, започна да раскажува Брена.
-Ние купивме една голема куќа за да бидеме заедно со децата, но сега тоа е една приказна во која секој родител е среќен што неговото дете се осамостоило и што сака да има негов личен живот, што е сосема нормално, бидејќи не е нормално да живеете со родителите после дваесет и некоја година. Јас како мајка еден ден исто така многу добро се изнаплакав. Плачев и кога Филип отиде на факултет, кога си замина од дома, исто и Стефан, просто оваа куќа е празна доколку нема деца во неа, вели пејачката за српски Телеграф.
Инаку нејзините синови Филип и Стефан повеќе не живеат во семејниот дом заедно со родителите, додека со нив остана најмалиот син Виктор кој се уште студира.
Таа додава дека празнината ја надополнува внукот кој им го подарил пејачката Александра Пријовиќ.