800 г пилешко бело месо
1 исечкана главица кромид
1 шолја цреши
1 шолја исечкана рукола
масло, сол и мелен црн пипер
Премачкајте го пилешкото со масло и зачинете го по вкус. Ставете го во огноотпорен сад и прекријте го со алуминиумска фолија. Печете околу 30 минути на 180 степени.
Извадете го месото од садот, и додадете ги ситно исечканиот кромид и црешите. Печете без фолија уште 20 минути на истата температура. Пред послужување наросете со исечканата рукола.