Македонците очекуваат Тамара на Евровизија да им донесе вртоглава сума на пари- обложувалниците преполни

Зголемен бројот на уплати во обложувалниците за победа на нашиот претставник на годинешната Евровизија, пренесува Слободен Печат.
Цела Македонија е во исчекување на вечерашниот настап на Тамара Тодевска во финалето од годинешниот „Евросонг“.
Се почесто на социјалните мрежи може да се погледне поддршката која нашиот претставник ја добива од македонците, но и од соседите.


Тие на своите профили споделуваат фотографии со ликот на Тамара, како и редниот број (8), но и броевите од сите држави од кои може да се гласа за неа.


Покрај овие слики може да се забележат и на оние кои очекуваат победа на Тамара, а притоа да остварат добивка, откако уплатиле „ливче“ во некоја од обложувалниците.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден е забележана зголемена уплата за победа на Тамара на годинешниот „Евросонг“, па поради тоа во некои обложувалници денеска коефициентот беше значително намален.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.