Морничава тајна: Зошто нападите во Париз беа изведени на петок 13-ти?

Терористичкиот напад во Франција го згрози светот. Настрадаа преку 160 луѓе! Одговорноста за серијата напади во кои беа вклучени и самоубиствени бомбашки акции, пукање врз цивили и заложници – ги презеде ИСИС, но со истрага допрва ќе се разјаснуваат околностите за овие случувања.ИСИС тврди дека внимателно беа бирани метите за напад, но сѐ уште не се знае дали станува збор само за пропаганда.
Меѓутоа, на интернет се појавија теории според кои и датумот за нападот е избран со посебна цел за да се постигне психолошки ефект.
Зошто токму петок 13ти? Според некои теории, причината е што токму на петок 13ти во далечната 1307 година, тогашниот француски крал Филип Четврти „Убавиот“, наредил масовно апсење на темпларите во Кралството Франција.
Некои сметаат дека празноверието за наводната несреќност на петок 13ти е токму поради тој настан. Тогаш бил фатен и „Големиот мајстор“ Жак де Моле, кој подоцна бил спален во близина на реката Сена во Париз.
Мотивот на францускиот крал да нареди акција против темпларите бил фактот што им должел многу пари. Имено, кралот бил во војна со Англија и за тие потреби позајмувал пари од темпларите. Со тек на време, долговите на кралот пораснале до суми кои биле тешко да се вратат, па на крај паднала одлука да се уништат темпларите.
Фатените темплари биле мачени и приморани да ја признаат вината. Тогашниот папа Клемент Петти, кој бил Французин, на наговарање на кралот наредил да се лишат од слобода сите темплари и го распуштил нивниот ред.ИСИС тврди дека внимателно беа бирани метите за напад, но сѐ уште не се знае дали станува збор само за пропаганда.
Меѓутоа, на интернет се

Пронајдете не на следниве мрежи: