Пендаровски ги назначи новите соработници

За нов директор на Агенцијата за разузнавање е именуван Ерол Муслиу. Тој на оваа функција доаѓа со одлука на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски и ќе го замени Зоран Иванов кој беше директор на агенцијата од март, 2017 година. Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.
Советник за национална безбедност на претседателот ќе биде Блерим Кољали, а Гоце Карајанов е именуван за советник за надворешна политика.
Пендаровски ангажирал и неколку надворешни советници за надворешни и правни работи. Меѓу нив се поранешниот министер, а сега универзитетски професор Денко Малески, поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова-Трајковска и проректорката на Универзитетот на Југоисточна Европа, Беса Арифи, како и поранешниот министер Александар Димитров и поранешниот амбасадор Александар Тавчиовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.