Британци учествувале во соборувањето на рускиот авион?!

Разговорот на џихадистите што го снимија британските тајни служби, наводно се одвивал на англиски јазик со британски акцент.Постојат сомневања дека припадници на Исламската држава се одговорни или учествувале во соборувањето на рускиот авион во Египет, пришто загинаа 224 патници и членови на екипажот.
Британски Телеграф наведува дека дел од снимениот разговор ги наведе британските власти да ги демантираат руските и египетските власти, односно нивните тврдења дека леталото на компанијата „ Когалимавија “ било урнато поради технички причини.
Сепак, истиот медиум се оградува и наведува дека не можат да се потврдат овие информации, како и дека е премногу рано за тврдењата дека џихадистите се всушност Британци само затоа што во нивниот разговор се забележува британскиот акцент.
„Доколку овие тврдења се покажат како вистинити, тоа ќе доведе до активирање на полемиката за тоа колку Британци ѝ се имаат приклучено на Исламската држава“, пренесува Телеграф.
Дека Лондон можеби знае нешто повеќе од останатите светски центри, наведе реакцијата на премиерот Дејвид Камерон, кој во разговор со рускиот претседател Владимир Путин, рече дека постојат индикации за тоа дека леталото е соборено, иако официјална Москва бурно регираше на објавите дека причина за уривањето на авионот е активирана бомба.Постојат сомневања дека припадници на Исламската држава се одговорни или учествувале во соборувањето на рускиот авион во Египет, пришто загинаа 224

Пронајдете не на следниве мрежи: