Секоја жена треба да го знае ова

„Секоја жена треба да има сопствени пари, доволно пари за да би можела да си замине и да си изнајми сам за себе, дури и ако никогаш не посака, дури и ако никогаш нема потреба за тоа.
Секоја жена треба да има нешто посебно за облекување во случај одеднаш да ѝ излезе разговор за работа или за љубовно рандеву.
Секоја жена треба да има неколку гревови од младоста за кои со задоволство ќе зборува во староста.
Секоја жена треба да има сет шрафцигери, бежична дупчалка и црн чипкан градник.
Секоја жена треба да има барем еден пријател кој секогаш може да ја израдува и оној кој ќе ги брише нејзините солзи.
Секоја жена треба да има барем едно пристојно парче мебел кое го купила сама, односно не го наследила од нејзиното семејство.


Секоја жена треба да има чувство дека управува со сопствената судбина.
Секоја жена треба да знае како да се заљуби, а притоа да не се изгуби себеси во таа љубов.
Секоја жена треба да знае како да даде отказ на работа, да го напушти мажот, да се скара со пријателката и притоа да ги зачува добрите односи со сите, дури и откако ќе го направи сето ова.
Секоја жена треба да знае кога да биде упорна, а кога да попушти.
Секоја жена треба да знае дека не може да ја промени должината на своите нозе, широчината на своите колкови, ниту пак своите родители.
Секоја жена треба да знае дека нејзиното детство сигурно не било совршено, но тоа веќе одамна е во минатото.
Секоја жена треба да знае што треба, а што не треба да се прави поради љубов.
Секоја жена треба да знае како да живее самостојно, дури и ако ѝ се допаѓа тоа.
Секоја жена треба да знае во кого може да има доверба, а во кого – не и зошто не треба тоа да си го зема при срце.
Секоја жена треба да знае кога да си замине кога нејзината душа бара утеха.
Секоја жена треба да знае што може, а уште не може да направи денес…
За еден месец…
За една година…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.