Камион кипер на фирма подизведувач на градежните активности на автопатот Охрид- Кичево, удри во новоизграден надвозник над коловозот, кај селото Песочан.
Се работи за невообичаена случка, кога товарнот дел на камионот е оставен во позиција за истовар, а возилото во движење удира во надвозникот.
Причинета е материјална штета, а истрагата ќе ја утврди причината за незгодата, дали се работи за невнимание на возачот или за дефект на возилото.