Руските воздушни сили уништија терористичка база за самоубијци во Сирија!

Авионите на руските воздушни сили уништија база за тренинзи на Исламската држава во Сирија, соопшти генерал-мајор Игор Конашенков.Базата е уништена во градската зона на Салма, а во неа странски инструктори ги обучувале џихадистите за диверзии и тренирале терористи-самоубијци.
Според зборовите на Конашенков, во составот на базата функционирал и погон за производство на експлозивни направи, а уништена е со директен погодок на моќно диригирана авио-бомба.
Конашенков откри: „Со ударот на бомбардерите Су-24М во близина на градот Марџ-Султан, уништено е командното место на бандитските формации Фејлик Омар заедно со оклопната техника. Според податоците на сириската разузнавачка служба, тоа место е одговорно за низа терористички акти во провинциите Хомс и Дамаск“.
Руската авијација од синоќа брои 39 борбени летови, а гранатираше 49 локации и положби на Исламската држава и Џебхат ан-Нусра на териториите на провинциите Хама, Идлиб, Латакија, Дамаск и Алепо.
Уништени се: 11 командни места, 3 утврдени положби, 9 скриени складишта за оружје и муниција, 15 логори и осум поголеми утврдувања.
Со бомбардирање на положбите на Џебхат ан-Нусра во околината на Алеп, беше убиен Санафи ан-Наср, кој е еден од воените команданти на Ал Каеда.
Покрај него, убиени се и двајца негови блиски луѓе: Саудиецот Абдел малик ал-Џазраи и Мароканецот Абу Јарис ал-Магриби.Базата е уништена во градската зона на Салма, а во неа странски инструктори ги обучувале џихадистите за диверзии и тренирале терористи-самоубијци.

Пронајдете не на следниве мрежи: