Силното невреме донесе големи поплави во Босна и Херцеговина

Силното невреме со дожд што ги зафати централните на делови на Босна и Херцеговина предизвика поплави во овој дел на земјата. Од невремето поплавени се куќи, урнати мостови и уништени патишта. Како што јавуваат локалните медиуми, голем број локални и регионални патишта биле блокирани поради излевање на водата, но и поради лизгање на земјиштето.
Најлоша е состојбата на подрачјето на општината Маглај, каде што се излеа реката Фојница и поплави неколку куќи. На подрачјето на Зеница поплавени се неколку населби, додека патната комуникација била прекината во местото Свице. Поплави има и на подрачјето на Среднобосанскиот кантон во местото Малина кај Травник, каде се поплавени неколку објекти. Во текот на ноќта и утрово, поради намален интензитет на дождовите, состојбата е нормализирана, а нивото на водата во реките се намалува.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.