Светогрдие: Непознат сторител извршил сексуален чин на црквен олтар!

Во црквата Свети Сава во Кембриџ, недалеку од градот Бостон во американската држава Масачусетс, младич од околу дваесеттина години сторил невидено светогрдие.Имено, тој влегол во црквата која не била зaклучена и извршил сексуален чин на олтарот, соопштила тамошната полиција.
Инцидентот се случил пред неколку месеци, а сторителот без проблем влегол во православниот храм кој не бил заклучен. Тој направил лом во црквата – истурил вода и вино, ги украл парите од олтарот, а потоа облекол свештеничка мантија и се шетал така облечен скоро еден час.
Недолго потоа, тој ја соблекол мантијата и целосно гол извршил сексуален чин на олтарот (?!). Што сѐ правел и како правел, било откриено благодарение на надзорната камера на која се видело неговото дивеење и кражбата. Познато е само дека засега неидентификуваното момче носи очила.
Портпаролот на бостонската полиција Џереми Ворник, соопшти дека православниот храм во Кембриџ отсега ќе мора да ја заклучува вратата и дека се трага по сторителот.Имено, тој влегол во црквата која не била зaклучена и извршил сексуален чин на олтарот, соопштила тамошната полиција.
Инцидентот се случил

Пронајдете не на следниве мрежи: