Регулаторна одлучи: Од полноќ поевтинуваат бензинот и дизелот

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалува, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика. Според најновата одлука донесена денес, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС 98, а за денар и половина на Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98- 72 денара за литар, Еуродизелот 62,50 денари, Екстра лесното масло 52 денари.
И малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 35,118денари за килограм.
На светскиот пазар Цените на нафтените деривати во изминатиот седумдневен период бележат намалување и тоа; кај бензинот во просек за околу 4,14 отсто или за 27,55 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 4,44 отсто или 27,55долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,94 отсто или за 23,80 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,03 отсто или за околу 12,95 долари за тон.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.