ИРАЧАНИ ТВРДАТ: Кај џихадистите се пронајдени американски падобрани!

Видеото на Твитер го објави новинарот Хајдер ал Коеј и со тоа предизвика огромен интерес кај луѓето.На Твитер се прошири видео на кое наводно се прикажани американски падобрани и кутии со опрема, ни помалку, ни повеќе, туку на подрачјето на Исламската држава во Ирак.
Новинарот го објави спорното видео, на кое се прикажани американски падобрани и кутии.
„Погледнете и снимете го ова. Тоа се американски падобрани. Се наоѓаме на нафтените полиња Бајџи. Има ли некој кој сѐ уште го нема видено ова? Сите го видеовте“ – истакнува мажот кој со прст му ги покажува кутиите и падобраните на снимателот.
Од Вооружените сили на САД, на 22 септември беше соопштено дека е формирана нова група од 70 умерени сириски опозиционери кои Америка ги обучила да влезат на подрачјето на Сирија од Турција. Еден ден подоцна, беше објавено дека побунениците им се предале на џихадистите на локалната Ал Каеда и тоа по преминувањето на границата.
Претставникот на фронтот Нусра, изјави дека заповедникот на 30. дивизија, која ја поминала американската обука, изјавил дека ги измамил американските војници бидејќи му било потребно оружје.

Another 'U.S. supports ISIS' video going viral in #Iraq. Parachutes & supply crates in Baiji refinery. pic.twitter.com/ow5VtuiOhO
— Hayder al-Khoei (@Hayder_alKhoei) October 8, 2015
На Твитер се прошири видео на кое наводно се прикажани американски падобрани и кутии со опрема, ни помалку, ни повеќе, туку на подрачјето на Исламс

Пронајдете не на следниве мрежи: