Лукашенко се бори за петтиот претседателски мандат во Белорусија

Околу 7 милиони граѓани на Белорусија денеска избираат нов шеф на државата. Четворица кандидати се натпреваруваат за функцијата, вклучувајќи го и досегашниот претседател – Александар Лукашенко, кој е на чело на Белорусија веќе 21 година.Останатите кандидати се Николај Уљахович од Патриотска партија, Сергеј Гајдукевич од Либералн -демократската партија и Татјана Короткевич од движењето „Зборувај ја вистината“.
Според белоруските закони, кандидатот треба да собере барем 100 000 потписи за да биде регистриран во трката. Лукашенко собра 1,76 милиони. Досега тој петпати ја има освојувано функцијата – во 1994, 2001, 2006 и 2010 година.
Лицата со право на глас ќе ги заокружуваат гласачките ливчиња во над 6000 избирачки места.
Повеќе од 900 меѓународни набљудувачи ги следат изборите.
Изборите ги следат 940 домашни и странски новинари.
Според последните анкети, 61-годишниот Лукашенко ја добива поддршката на 45 отсто од избирачите, Короткевич на 18 отсто, Гајдукевич на 11.4 отсто и Уљахович на 3,6 отсто од граѓаните со право на глас.
На крајот на кампањата, на 7-ми октомври, Александар Лукашенко изјави дека сака да добие поддршка од 80% од гласачите. На последните претседателски избори во 2010 година тој доби 79.65%, но резултатите од нив не беа признати од САД и ЕУ.
Гласачите имаат право да гласаат и „против сите кандидати“.Останатите кандидати се Николај Уљахович од Патриотска партија, Сергеј Гајдукевич од Либералн -демократската партија и Татјана Короткевич од движењ

Пронајдете не на следниве мрежи: