Автоматската меѓупланетарна станица на НАСА „Нови хоризонти“, го откри синото небо на Плутон при своето историско прелетување покрај џуџестата планета во јули. Сензационалната порака синоќа беше објавена на прес-конференција на НАСА од страна на шефот на мисијата Алан Стерн.НАСА информираше дека на Плутон има мраз, образуван од вода, која наместа е црвена.
Обоените слики на Плутон можат да се видат на сајтот на НАСА. На нив јасно се гледа син ореол околу џуџестата планета.
„Кој би очекувал сино небо во Куперовиот појас?“ – Иизвикал Алан Стерн. Тој ја опишал глетката како прекрасна и фантастична.
Според експертите на НАСА, синото небо често е резултат од распрснувањето на сончевите зраци на многу мали честички. На Земјата тоа се минијатурните молекули на азотот.
На Плутон, овие честички најверојатно се поголеми, но сепак релативно мали – како честички, кои се нарекуваат толини. Во пракса, овие честички на Плутон се црвени и сиви. Се претпоставува дека тие ја формираат горната атмосфера на Плутон. Некои од нив, потоа се поврзуваат меѓу себе, стануваат поголеми и тешки, па паѓаат на површината на планетата.
Специјалистите на НАСА соопштија уште дека на површината на Плутон се откриени многу остатоци од мраз. Наместа се со црвена боја, што ја буди љубопитноста на специјалистите.
На 14. јули 2015 година, сондата се приближи на минимално растојание од Плутон – на 12.500 километри и направи серија од уникатни фотографии.
Мисијата „Нови хоризонти“ започна во јануари 2006 година. По 9-годишно патување и откако измина 4,8 милијарди километри, сондата „Нови хоризонти“ годинава започна да истражува Плутон, потсетува Франс прес.НАСА информираше дека на Плутон има мраз, образуван од вода, која наместа е црвена.
Обоените слики на Плутон можат да се видат на сајтот на



