„Годината 2015., засекогаш ќе биде запишана во учебниците“ – изјави Стерн. Големата конференција на НАСА се очекува на 8. октомври, во 22 часот по наше време.Според мислењето на едниот од главните истражувачи на НАСА, наскоро би требало да се објави уште едно големо откритие, овојпат поврзано со Плутон.
Д-р Алан Стерн ги покажувал фотографиите од Плутон и неговата најголема месечина Чарон, за време на предавањето на канадскиот универзитет Алберта, по што следувале големи најави, пишува news.com.au.
„Овој свет е жив“ – изјавил овој научник и истакнал дека постои клима, магла, атмосфера и активна геологија. Според него, НАСА наскоро би требало да ги објави новите податоци кои ќе го сменат сето она што досега е познато за Сончевиот систем.
„НАСА нема да ми дозволи да ви го речам она што планираме да го соопштиме во четврток“ – изјавил Стерн.
НАСА и во овој случај се однесува исто онака, како што се однесуваше пред објавата на големата вест за откривањето на вода на Марс, па ентузијастите сметаат дека нѐ очекува уште една важна објава.
Стерн нагласил дека, со оглед на тоа што се преземени дури 10% од податоците од леталото New Horizons, можно е да се очекува дека за Плутон ќе научиме многу повеќе отколку досега. Според мислењето на едниот од главните истражувачи на НАСА, наскоро би требало да се објави уште едно големо откритие, овојпат поврзано со Плутон.



