ФОТО: ИСИС ги распнува христијаните на крст!

ИСИС досега егзекутираше илјадници христијани и принуди илјадници други да ги напуштат старите христијански заедници во североисточна Сирија и западниот дел на Ирак. Џихадистите бараат тие да преминат во ислам, или пак да плаќаат данок. Во спротивно ќе се соочат со егзекуција, додека други христијани се распнуваат.„И покрај загриженоста покрената од страна на верските лидери, меѓу кои и Архиепископот кентербериски Џастин Велби, маките на христијанските бегалци во голема мера се игнорирани од страна на западните земји“, пишува Дејли експрес.
Евреинот Вајденфилд Џорџ, кој беше во можност да избега од окупацијата на нацистите во Австрија со помош на британски христијани, финансира добротворна организација позната како Варнава Фонд, во обид да ги спаси сириските христијани.
„Сакам да го отплатам долгот“ – вели Вајденфилд, кој бил спасен на петгодишна возраст.
„ИСИС, без преседан претерува во своето примитивно дивјаштво, во споредба со нацистите. Кога станува збор за чиста страст за хорор и садизам, тие се без преседан. Никогаш немало такви ѓубриња како овие луѓе“ –  додаде овој човек.
Добротворната организација веќе се испланира серија мисии за спасување на христијаните во Сирија.
Христијаните биле распнати, обезглавени, силувани и принудени да го прифатат исламот од страна на ИСИС. Додека пак, христијански деца се продаваат како робови.
„Тоа е како кога ќе се вратам од 1.000 години наназад и го гледам варварството кое христијаните морале да го искусат поради верата. Мислам дека се работи за група која прави нацизмот да биде ништо во споредба со неа и мислам дека тие ја изгубија сета почит за човечкиот живот“ – изјавил основачот на добротворната организација Патрик Сукдео за Дејли експрес.
Само во Сирија, христијанското население се намали за речиси две третини од граѓанската војна во земјата која започна во 2011 година, пренесува Daily Express.
Повеќе од 700.000 христијани од вкупните 1,1 милиони коишто живеат во Сирија, се раселени или убиени од ИСИС.
Не повеќе од 250.000 христијани останале да живеат во Сирија, проценува на Сукдео.
„Колку за пример, во Алепо живееле околу 400.000 христијани пред четири години. Денес ги има помеѓу 45.000 и 65.000“ – рече тој.
Варнава Фондот веќе има ослободено 158 христијани од Сирија. Тие се однесени во Полска, кадешто добротворната организација им најде нов дом.
Шефот на добротворната организација ја обвини британската влада за вработување на сириските бегалци како политика која е нефер кон христијаните.
Сукдео смета дека „понудата на Велика Британија да земе до 20.000 сириски бегалци, ненамерно дискриминира во однос на христијанските заедници чии припадници се жртви на касапите на ИСИС“.
Некои европски земји изразија подготвеност да ги прифатат христијанските бегалци од сирискиот конфликт.
Во јули, црковните лидери го обвинија премиерот на Велика Британија кој одбива да им понуди прибежиште на христијаните кои се соочуваат со геноцид во Сирија и Ирак, објави британски Телеграф.„И покрај загриженоста покрената од страна на верските лидери, меѓу кои и Архиепископот кентербериски Џастин Велби, маките на христијанските

Пронајдете не на следниве мрежи: