Германија: Не ни требаат 200 нови џамии од Саудиска Арабија

Арапскиот весник „Дијар“ известува дека Саудиска Арабија понудила во Германија да изгради уште 200 џамии за сириските бегалци. Генералниот секретар на баварска CSU Андреас Шојер  оваа понуда на богатите арапски земји ја оценил како „повеќе од цинична“.Саудиска Арабија и државите од Персискиот залив се богати муслимански земји, но остануваат ладни кон страдањата на своите сириски браќа до тие мерки што тоа станува скандал, пишува дневникот  „Frankfurter algemajne cajtung“.
Од почетокот на граѓанската војна на нив им е отежнато патувањето во земјите од Заливот. Арапските кралства значајно ги подигнаа препреките за Сиријците, а нивните дозволи за престој, посебно во Саудиска Арабија и Обединетите Араспки Емирати, повеќе не се поддржуваат.
Сириските бегалци не можат да дојдат без виза во ниту една „братска муслиманска земја“, освен во Турција, Алжир, Јемен , Мавританија и Судан. Исклучок се Јордан и Либан кои примиле милиони бегалци.

Кога сириската заедница во Данска на Фејсбук објави видео со бегалците кои дошле во Австрија, тоа е проследено со текстот: Како избегавме од нашите муслимански браќа, кои треба да покажат поголема одговорност отколку земјите кои ги сметаат за „неверници“.
Еден друг коментар гласи: Се колнам во семоќниот Бог дека Арапите се тие кои се неверници.
Арапскиот весник „Дијар“ известува дека Саудиска Арабија наместо тоа понудила во Германија да изгради уште 200 џамии за сириските бегалци. Генералниот секретар на баварска CSU Андреас Шојер  оваа понуда на богатите арапски земји ја оценил како „повеќе од цинична“.
„Тоа не е муслиманско братство. Каде е солидарноста во арапскиот свет“, се запрашал Шојер кој веднаш добил поддршка од портпаролот Штефан Мајер кој вели: „На Германија не и треба донација од 200 џамии, туку солидарност со бегалците“.
Политичарите велат дека Саудиска Арабија треба да помогне и да прифати дел од мигрантите, а конзервативните политичари на Германија оваа понуда ја гледаат како непотребна.
Саудиска Арабија и државите од Персискиот залив се богати муслимански земји, но остануваат ладни кон страдањата на своите сириски браќа до тие мерк

Пронајдете не на следниве мрежи: