РАСПЛЕТ ОД СОНИШТАТА: Сопнатиот мигрант доби понуда да работи во Шпанија!

Сирискиот тренер Осама Абдул Мосен, кој стана познат откако унгарска новинарка го сопна на граница додека во рацете го носеше седумгодишниот син, доби повик од шпанската фудбалска академија да дојде во Шпанија.Благодарение на немилиот настан кој го обиколи светот, светот дозна дека Мосен бил тренер на сирискиот тим Ал-Фотува СК, а поради војната се одлучил да избега од земјата.
По тој повод, Здружението на фудбалски работници СЕНАФЕ од Шпанија, покрена иницијатива Мосен да се донесе во оваа земја. Претставниците на здружението, во Минхен испратиле човек кој зборува арапски јазик со задача во Мадрид да го донесе Мосен и неговите две деца.

Претседателот на Здружението на фудбалските тренери СЕНАФЕ, Мигел Анхел Галан, изјави дека тој води центар за фудбалски тренери и дека му е задоволство да му помогне на драг колега.
Мосен и неговите два сина Заид (7) и Мохамед (18) пристигнале во Шпанија. Сега е покрената иницијатива да се пронајде и донесе неговата сопруга со уште двете нивни деца кои во моментов се наоѓаат во Турција.
Инаку, Унгарката Петра Ласло доби отказ во Н1ТВ откако беа објавени снимките кои покажуваат како го сопнува Мосен и удира други бегалци.

Nuestro alumno @mohamedlabrouz1 ya regresa a España con Ossama y su hijo Zaid. #refugeeswelcome pic.twitter.com/JLdp20zVHO
— Miguel Galan (@MiguelGalan1978) September 16, 2015
Благодарение на немилиот настан кој го обиколи светот, светот дозна дека Мосен бил тренер на сирискиот тим Ал-Фотува СК, а поради војната се одлучи

Пронајдете не на следниве мрежи: