четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од денеска на табличките на возилата ќе стои „Северна”

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од денеска треба да почне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката NMK.
Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата.
Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа.
Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK на граничните премини при влез или излез на возилата од државата.


Покрај автомобилите, таблички со NMK ќе имаат и автобусите, камионите, мотоциклите, тракторите…, иако некои од овие возила никогаш не излегуваат од земјата.
Според правилникот за форма и изглед на сообраќајните регистрации, сите возила ќе мора да имаат регистарски таблички со ознаката NMK најдоцна до февруари 2024 година.

Поврзани вести