Борче Гиновски, човекот кој вчера преку социјалните мрежи му се заканувал на уредникот на “Плусинфо” Бранко Героски на последните претседателски избори по предлог на СДСМ бил член на избирачки одбор во општината Ѓорче Петров на избирачко место 2581.
Ова за телевизијата ТВ “Алфа“ го потврдиле од Државната изборна комисија.
Како што рече Героски, по синоќешниот притисок заради објавување на серија текстови за наводна изнуда и рекет, тој денес беше во штабот на СДСМ.