Страшна експлозија во рафинеријата за гас во Филаделфија

Рафинеријата се наоѓа во близина на градот, а до неа има спортски комплекс. Локалните власти потврдија дека околу четири часот наутро по локално време дошло до експлозија во 150 години стариот комплекс за преработка на нафта и гас, но нема информации за настрадани или повредени. Во рафинеријата се вработени околу илјада лица.
Пожарникарите по еден час го локализираа пожарот. Според изјавите, експлозијата била толку силна  што жителите од околината почуствувале неколку потреси, а во домовите им паѓале предмети како за време на силен земјотрес.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: