Џејсон Фугејт, 33-годишен рибар во езеро во Минесота уловил необична риба од 91 сантиметар и 14 килограми. Иако изгледала како џиновска “златна риба“, експертите велат дека тоа е всушност мутант од посебен вид риба-бафало, која би можело да има најмалку 100 години. Фугејт рекол дека знае дека рибата е мутант, но дека во овој случај го збунила бојата. Тој претпоставува дека се работи за генетска мутација, затоа што големите бафала се обично со темно сива боја и имаат зналително помала уста.
-Бев прилично шокиран, бидејќи тоа беше навистина живописна, голема, портокалова боја. Никогаш немам видено риба во таква боја. Иако проучував над илјада видови риби, ова навистина ме изненади – рекол докторот Лакман.
Рибарот Фугејт рекол дека оваа риба е ретка и дека доколку знаел што ќе извлече, не би ја уловил. Но, како што вели тој, мистериозната риба ќе ја препарира и ќе ја чува.


