ПАТНИЦИТЕ И ПОСАДАТА СЕ МРТВИ: Индонезискиот авион удрил во планина?!

Индонезискиот патнички авион, кој денеска изгуби контакт со контролата на летот, удри во планина пришто загинаа сите патници. Ова го пренесе руската агенција РИА Новости, повикувајќи се на неименуван извор од локалниот авиопревозник.Засега нема потврди за оваа информација, наведе Раша тудеј. Потрагата по исчезнатиот авион е паузирана поради мракот и ќе продолжи во понеделник наутро, изјавија спасувачите.
Авионот „АТР 42“, на индонезиската компанија „Тригана ер“, во кој се наоѓаа 54 патници и членови на екипажот, денеска изгубил контакт додека прелетувал над пределот на Папуа. Шефот на индонезиската Национална управа за потрага и спасување, Бамбанг Соелистјо, потврди за Ројтерс дека контактот со авионот е изгубен.
Во авионот се наоѓале 44 возрасни патници, 5 деца и 5 членови на екипажот. Леталото изгубило контакт 30 минути по полетувањето од аеродромот Сентани во престолнината на Папуа, Џајапури, на летот до Оксибил, кој требало да трае околу 45 минути.

BREAKING UPDATE: 54 dead as Indonesian plane crashes into mountain – airline source https://t.co/zsZGeKUmHL #Papua pic.twitter.com/4iJioCCjBz
— RT (@RT_com) August 16, 2015
Засега нема потврди за оваа информација, наведе Раша тудеј. Потрагата по исчезнатиот авион е паузирана поради мракот и ќе продолжи во понеделник на

Пронајдете не на следниве мрежи: