СИЛНО НЕВРЕМЕ: Град со големина на тениски топчиња ја погоди Австрија!

Свеж бран утринава ја зафати Виена, а облачноста остана и денес преку ден. На западниот хоризонт, ноќеска од Виена можеа да се видат молњи.И додека вчера беше врело на истокот од земјата, невреме во неделата го зафати западниот дел на Австрија. Во Тирол вчера попладне на некои места паѓаше град со големина на топчиња за голф, а некаде и со големина на тениски топчиња.
Фотографиите од ваквите ледени топки ги објави Tiroler Tageszeitung.
Силно невреме зафати и дел од покраината Тиролер Унтерланд, но за среќа не беа нанесени големи штети.
Меѓутоа, најлошо беше околу местото Вергл, кадешто „гранати од небо“ паѓале полни десет минути. Град и силен дожд го запреа сообраќајот по автопатиштата.
Пожарникарите имаа полни раце работа, бидејќи ледените топки оштетија покриви од куќи и останати објекти, а оштетени биле и многу автомобили.
И додека вчера беше врело на истокот од земјата, невреме во неделата го зафати западниот дел на Австрија. Во Тирол вчера попладне на некои места па

Пронајдете не на следниве мрежи: