Пеколните горештини во земјава ќе потраат до средината на следната недела кога се очекува да има намалување на максималните температури за неколку степени. Денес во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер, информираат од Управата за хидрометеолошки работи.
Утре во попладневните часови ќе биде врнежливо со грмежи, а локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Потоа до вторник ќе преовладува претежно сончево и топло време со натпросечно високи темпераури.
Минималните температури утре ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 28 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 32 степени.
Во сабота минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 29 до 37 степени, а во недела минималните од 12 до 20, а дневните од 30 до 38 степени.
Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 31 до 39 степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 38 степени. Пад од неколку степени ќе има в среда за кога се прогнозираат максимални 31 степен.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.