Повеќе од 120.000 девојки чекаат да ја купат оваа чанта!

Има нешто посебно во овој модел чанта на популарниот бренд „Linjer“, бидејќи секогаш кога ќе пуштат нови количини во продажба, листата на чекање вртоглаво се зголемува.
Во моментов, за нивната популарна чанта насловена како „Tulip“, чекаат околу 120.000 девојки, иако нови количини беа пуштени пред само една недела.


Брендот „Linjer“ е основан во 2014 – тата година во Норвешка, а оттогаш за многу кратко време лансираа парчиња по кои девојките „полудеа“, па оттаму и постојаните листи на чекање за нивните производи.


Што се однесува до конкретната чанта, истата е изработена од висококвалитетна кожа и можете да ја купите во неколку бои меѓу кои црна, неодолива кафена и нијанса на розова.
Со оглед на тоа што истата ја изработуваат познати занаетчии по една шема, оваа чанта ја има во мали количини и секогаш многу брзо се продава.


Пред само една недела, брендот објави нови количини на нивната онлајн страна, а сосема очекувано, сите модели беа купени со брзина на светлината, а листата на чекање беше досега најдолга, со вртоглава бројка од 120. 000 лица.
Цената на ултра популарната чанта изнесува 525 американски долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.