четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во среда ќе се знае дали сите базени и природни езера се исправни за капење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По забраната за капење во дел од Охридското езеро на потегот од Самоиловата трврдина кон одморалиштето Партизан поради присуство на бактерии и фекалии, Државниот санитарен и здравствен инспекторат деновиве врши вонредна контрола на сите површински води и базени кои се користат за спорт и рекреација.
-Наложено е сите инспектори да направат контрола на сите површински и води во објекти, што значи доколку не се земале мостри за испитување ќе им се даде налог да однесат мостри за испитување во Центрите за јавно здравје и по добвиените резултати ќе спроведеме соодветни санкции, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.


Не само квалитетот на водата при вонредниот надзор инспекторите од ДСЗИ ја проверуваат хигиената и сите простории кои се дел од објектот во кој има базен.
-Вонредниот инспекциски надзор содржи комплетна контрола од санитарно хигиенски аспект, гардероба, тоалети односно се што поседува објектот во кој има базен, додаде д-р Бухова.
Дали овој период базените во земјава и водата во трите природни езера е безбедна за капење ќе се знае најдоцна до среда до кога треба да бидат готови сите микробиолошки и хемиски анализи во Центрите за јавно здравје. Испитувањата пред сезоната покажаа дека генерално водата во охридското, преспанското и дојранското езеро е со добар квалитет.

Поврзани вести