Момче се здобило со повреди од моторна пила, после што починало, соопштува МВР. Вчера во 08:44 часот во Полициската станица Гевелија, од болницата во Гевгелија било пријавено дека кај нив бил донесен починат 23-годишниот С.Р. од село Казандол, валандовско.
Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека сечел дрва со моторна пила во атар на село Серменин и потоа починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Пронајдете не на следниве мрежи:


