На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека по 30 минути. На останатите гранични премин нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат попладнево од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, а посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на сообраќајот од денеска до 31 јули, среда, во времетраење од 09:00 до 18:00 часот, информираат од АМСМ.