Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтеровата скала бил регистриран на грчкиот остров Крит. Засега нема информации за повредени или предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот се случил во 07:40 часот утрово по локално време. Се почувствувал на целиот остров, а епицентарот бил на копно, северозападно од градот Ираклио.