Драган Угриновски и уште две лица се приведени во Крушево, објави активистот за човекови права Ицо Најдовски. Утринава од страна на полицијата тие биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод, а најверојатно се сомничат за организирање протести на Мечкин Камен. Според други активисти не им било кажано зашто се приведени.
“Сега зборував со Dragan Ugrinovski. Се наоѓа во полициска кола и фашистите го носат во прилепската полиција. Има уште двајца, Зоран и Рубин, нив ги носат во полиција во Македонски Брод. Илинден 1936, Крушево!”, пишува Најдовски на Фејсбук.
Најдовски преку видео обраќање побара притворените веднаш да бидат пуштени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.