И јули ќе биде најтопол месец откако се мерат температурите, објави Светската метеоролошка организација, од каде и јуни беше прогласен за најтопол во историјата. Планетата Земја во јули беше најтопла во историјата , само една недела откако незапаметен топлотен бран ја вжешти Европа, соопшти вчера Светската метеоролошка организација(WMO).
Податоците се засновани врз првите 29 дена во месецот и посочуваат дека јули 2019 година ќе биде исто топол или можеби потопол од претходниот најтопол јули, забележан во 2016 година, а во исто време и најтопол месец досега.
Во тоа време, просечната температура на копното и морињата беше за 0,87 степени Целзиусови повисока од просечната измерена во текот на 20 век, соопшти WMO и Националната служба за атмосфера и океанографија на Соединетите држави (NOAA).
Минатиот месец, Светската метеоролошка организација објави дека јуни 2019 година бил најжешкиот месец во историјата, а 2019 година може да стане една од најжешките години досега, односно од моментот кога започнале мерењата во 1880 година.
“Не знаеме многу топли лета, но ова не е лето на нашата младост. Ова не е лето на вашите баби и дедовци“, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.
“Само оваа година нè затекнаа температурни рекорди забележани од Њу Делхи преку Енкориџ, Париз, Сантијаго, Аделаид до Арктичкиот круг. Екстремното време како ова е само врв на ледениот брег”,рече Гутереш.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.