Сончево време со постепен пораст на температурата, најавува УХМР од вторник. По утрешниот ден со максимални 34 степени, следува зголемување на температурата до 39 степени, особено кон крајот на неделата. УВ индексот повторно ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.
Утре температурите ќе се движат од минимални 11 до 34 степени, во вторник од 10 до 36, а од среда до петок од 12 до 39 степени Целзиусови.
Повисоки температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува. Особено топло ќе биде на југоистокот.