Од најслатките кајсии и праски може да направите брзо слатко задоволство кое ќе ве разлади во овие топли денови.
За подготовка на вкусниот крем потребни ви се:
– 3 поголеми праски ;
– 8 кајсии;
– 2 децилитри млеко;
– 30 грама шеќер;
– сок од половина лимон.
Измешајте го млекото и шеќерот и ставете го на загреана рингла додека шеќерот не се стопи. Праските и кајсиите излупете ги, исечете ги на коцки и додадете ги во смесата. мешајте уште две до три минути непрекинато.
Тргнете ги од ринглата и оставете ги да се изладат. Додадете сок од половина лимон и измешајте го кремот во блендер. Ставете ја смесата во чинии или чаши и послужете ги ладни со додаток на друго овошје по желба.