Кон Кина се приближува најсилниот супертајфун во последните пет години, вклучен црвен аларм

Поради доаѓањето на супертајфунот Лекима, кој веќе предизвика хаос во воздушниот сообраќај над Тајван кинеските власти огласија црвен аларм за источниот дел на земјата, објави МИА. Тајфунот, би требало, утре да ја погоди кинеската провинција Жеџианг, делтата на реката Јангце, како и градот Шангај. Властите предупредуваат дека се работи за најсилниот тајфун во последните пет години.
Во Шангај не се продаваат билети за железница, бродскиот сообраќај е запрен, а под рестрикции е и целиот сообраќај во провинцијата Жеџианг. Илјадници луѓе кои живеат покрај брегот на Шангај во текот на денот ќе бидат евакуирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.