Откако вчера германската политичарка и претседателка на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија, Дорис Пак запраша каде се европските бирократи во врска со случајот “Рекет“, на Твитер се огласи комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.
– Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша Хан.
Johannes Hahn
✔@JHahnEU
#NorthMacedonia: the fight against high level corruption must continue uninterrupted. Concerning the latest revelations it is important to establish legal accountability for all crimes, including those arising from and surrounding the illegal wiretaps. 1/2
39
Twitter Ads info and privacy
40 people are talking about this