Остра изјава на Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат Владата (ВИДЕО)

ремиерот Зоран Заев вчера по приемот за годишнатата од Рамковниот договор изјави дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече “неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат Владата. Тој, уште рече дека верува во транспарентен процес, а отфлра секаков вид шпекулации дека тој е вмешан во случајот каде осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески.
– Секаде за кој ќе има докази, кој е инволвиран во зимање на пари, секој го прекрил закон. Нашата земја нема стрелање и бесење, има затвор. Шпекулациите кои одат до таму, обидувајќи се некој да ме инволвира мене, уште еднаш да напоменам, јас сум Зоран Заев, дојдов со поддршка од граѓаните, борејќи се за правна држава. Јас сум борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај, додека граѓаните ми даваат поддршка. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт. Не, ќе се бориме до крај, затоа што секој што се инволвирал, ќе си носи одговорност, рече премиерот Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK