четврток, 12 ноември 2026
Најново

На Табановце се чека до 45 минути за излез од земјава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини претпладнево е зголемен. Забележана е зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести