Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот Кичево-Македонски Брод

На 03.09.2019 во 21:00 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од с.Манастирско Доленци, кичевско и патничко моторно возило „Фолксваген туарег“ со италијански национални ознаки, управувано од Ф.Џ.(26) од с.Прегово, прилепско.
М.С се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.Џ. и три сопатнички од неговото возило, Ф.С.(30), А.М.(21) и Ф.Џ.(57) се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.