недела, 29 ноември 2026
Најново

40-минутен кардио тренинг од инспиративна инструкторка која живее со мускулна атрофија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тара Лин Емерсон ќе ве инспирира со волјата за активен живот и желбата да биде најдобра верзија од себе.
На 35-годишната фитнес инструкторка ѝ била поставена дијагноза CMT, невролошко нарушување кое ги зафаќа нервите и мускулите на долниот дел од нозете и стапалата, поради што има многу слаба мускулна дефинираност на потколеницата.

Докторите процениле дека огромни се шансите да биде во инвалидска количка до 30-тата година, но таа со помош на секојдневни вежби сè уште ги побива нивните прогнози. Иако се соочува со прогресивна загуба на мускулно ткиво, Тара не дозволува тоа да го намали темпото со кое се движи низ животот и нивото на физичка активност.

Поврзани вести