Најубавата Портокалопита

400 г кори за пита
3 јајца
100 г шеќер
220 мл масло
300 мл густ јогурт
кора од 3 портокали
1 лажичка ванила екстракт
1 прашок за печиво
1 портокал (кругови за врз питата)
За шербет
300 г шеќер
200 мл сок од портокал
500 мл вода
1 портокал
Корите исечкајте ги како јуфки и оставете ги да се исушат.
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги јогуртот, маслото, екстрактот, прашокот за печиво и изренданата кората од портокали. Матете додека се соедини смесата и постепено додадете ги исушените кори. Нанесете ја смесата во тава, наредете ги круговите портокал и печете 30-тина минути на 200 степени.
Во тенџере на оган ставете ги водата, шеќерот и сокот од портокал, и варете околу 5 минути. Потоа додадете ги полукруговите портокал и варете уште 10-тина минути.
Изладената пита избоцкајте ја со виљушка, прелијте ја со топлиот шербет и оставете да го впие и да се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.