Истражниот комитет ги изнесе првите верзии од убиството на рускиот политичар од опозицијата Борис Немцов, кои одат од криминал до политичка мотивација, со тоа дека овој чин бил добро испланиран, јави „Раша Тудеј“.Според тврдењата, во разрешувањето на убиството се вклучени најдобрите детективи и форензичари, а случајот се смета за приоритетен.
Прелиминарите резултати покажале дека политичарот е убиен од пиштол „Макаров“. Експертите на местото на злосторството пронашле шест куршуми со калибар од 9 милиметри.
Истрагата е насочена кон испрашување на сведоците и проучување на разговорите кои се одвивале преку мобилен телефон во областа на местото на нападот, како и снимките од безбедносните камери.
„Убиството би можело да биде и провокација за да се дестабилизира политичката ситуација во земјата. Немцов можеше да биде избран како за еден вид жртва и тоа од страна на они кои не се двоумат да употребат било каква метода за да ги постигнат своите политички цели“, изјави Маркин.Според тврдењата, во разрешувањето на убиството се вклучени најдобрите детективи и форензичари, а случајот се смета за приоритетен.
Прелими



