Русија се согласи да ја намали цената на гасот за Турција за 10,25 отсто

Русија се согласи да ја намали цената на гасот за Турција за 10,25 отсто, но нема да има промени во цените за потрошувачите, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јилдиз, пренесе МИА.– По продолжените преговори постигнавме спогодба со Русија за намалување на цената на гасот, кој го купуваме преку гасоводот Син поток за 10,25 отсто, истакна Јилдиз.
Тој посочи дека цените за турските потрошувачи сепак нема да бидат намалени и додаде дека во февруари и март турските граѓани ќе плаќаат цени за гас, како и претходно.
Јилдиз појасни дека причина за тоа е високиот курс на доларот.
Турскиот министер истовремено увери дека во февруари и март нема да има зголемување на цената на гасот за потрошувачите поради курсот на доларот.– По продолжените преговори постигнавме спогодба со Русија за намалување на цената на гасот, кој го купуваме преку гасоводот Син поток за 10,

Пронајдете не на следниве мрежи: