четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска пороен дожд и грмежи- еве какво празнично време не очекува во понеделник, а потоа следува целосен пресврт на времето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Република Македонија на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу 11и 19, а дневната ќе достигне од 24 до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 5.


Во Скопје, претпладне со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд, а попладне со повремено пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во недела и понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.

Поврзани вести