ШАХ-МАТ: Путин успеа да го изигра Западот

Нападот на побунениците кои му се лојални на рускиот претседател врз градот Дебаљцев, се смета за тест кој треба да покаже колку Западот е подготвен да застане во одбрана на Украина. Подготвеноста на Путин за коцкање и употреба на сила, му дава тактичка предност.Рускиот претседател Владимир Путин, смета дека Европа блефира околу источна Украина додека проруските сили заземаат стратешки битен град, кршејќи го прекинот на огнот кој беше постигнат со посредство на Франција и Германија.
Нападот на побунениците на градот Дебаљцев се смета за тест.
Допуштањето на побунениците да го заземат тој железнички јазол без силен одговор, се противи на примирјето кое беше постигнато на 12 февруари.
Тоа би значело дека прекинот на примирјето би ја присилило Европа да воведе нови економски санкции за Русија и би го зголемил притисокот на американскиот претседател да му прати оружје на Киев, што би можело да ги интензивира борбите.
„Постои мислење дека Европа на преговарачката маса ги повлекува работите малку на едната, малку на другата страна, додека Русите се подготвени да превртат и цела шаховска табла“, рече Метју Ројански, експерт за Русија во центарот Вилсон, во Вашингтон.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, го ставија својот углед на коцка при постигнувањето на спогодбата во Минск, по повеќечасовните преговори на 12 февруари.
Забележувајќи како побунениците го кршат примирјето и ги притискаат украинските војници, Берлин, Париз и Вашингтон не брзаат со одговорот, бидејќи стравуваат од сериозно зголемување на интензитетот на конфликтите кои во последните десет месеци однесоа повеќе од 5.000 животи.
ЕУ ја осуди Москва и се закани со „соодветни акции“, но исто така, беше кажано дека е прерано да се рече дека мировната спогодба е мртва. И САД беа „многу загрижени“, но сепак решија да ѝ дадат малку време на дипломатијата.
Освен тоа, Западот смета и на тоа дека Путин, кој ги отфрла обвиненијата на Западот дека ги наоружува побунениците, може многу да загуби доколку продолжат конфликтите.
„И Путин на некој начин ја стави на коцка својата репутација“, рече Александар Иваник од московскиот Центар за политичка технологија, со што сугерира дека Путин се соочи со тежок избор во случајот со неповолниот развој на настаните и јакнењето на финансиските проблеми во Русија.
Путин не покажа никакви знаци на попуштање и не наговести ништо што би посочило дека се обидува да ги убеди побунениците да ја запрат офанзивата на Дебаљцев.
Пошироката цел на Путин останува нејасна. Но, се верува дека тој сака да се осигура дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО и дека Русија трајно ќе го задржи влијанието во источните делови од земјата, одржувајќи го „замрзнатиот конфликт“.Рускиот претседател Владимир Путин, смета дека Европа блефира околу источна Украина додека проруските сили заземаат стратешки битен град, кршејќи г

Пронајдете не на следниве мрежи: