МАСОВНА ТЕПАЧКА: Пратениците се тепале со различни предмети!

Пет пратеници биле повредени во тепачка која избила во турскиот парламент, за време на која летале столчиња, а пратениците се тепале едни со други со чекан и ѕвоно со кое во текот на заседавањето се служи претстедателот на парламентот, известија турските медиуми.Тепачката избила рано изутрина, бидејќи пратениците од редовите на опозицијата се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог од законот за безбедност, кој на полицијата би ѝ дал поголеми овластувања при претрес и апсење, пренесе агенцијата АР.
Тепачката избила на затворената седница, бидејќи пратениците на опозицијата во обид да го спречат усвојувањето на спомнатиот предлог-закон, поднеле неколку барања кои не биле во врска со таа тема.

Пратеникот на прокурдската партија Ертугрул Куркчу, изјави дека за време на физичката пресметка, низ просторијата летале столчиња, а двајца пратеници биле удрени со чекан и ѕвоно.
Двајца пратеници се пренесени во болница, додека на Куркчу и на уште двајца пратеници им беше пружена помош во амбулантата во зградата на парламентот.Тепачката избила рано изутрина, бидејќи пратениците од редовите на опозицијата се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог о

Пронајдете не на следниве мрежи: